Долго време се највуваше состанокот меѓу Маурицио Сари и Кристијано Роналдо. Медиумите во Италија откриваат дека двајцата се виделе и ги договориле потребните детали пред стартот на подготовките за новата сезона.

„Разговорот минал добро. Роналдо разговараше со Сари секако на темата фудбал, околу плановите кои ги има во иднина. Новиот стратег на Јувентус најмногу го интересираше околу позицијата на која сака Роналдо да игра. Португалецот одговорил дека не е важно многу каде точно ќе игра, но дека преферира мечот да го почне како лево крило“, пишуваат италијанските медиуми.

Сари неодамна изјави дека сака да создаде тим чија игра ќе се темели на акции.