Арсенал е во потрага по напаѓач, и Унаи Емери го посакува во своите редови Мариано Диаз од Реал Мадрид, но како „топџиите“ немаат многу буџет, преговараат ако може да го платат на рати (20 милиони оваа година, другите следната).

Со оглед дека Диаз не е по „мерка“ на Зидан, а згора на тоа сега го ангажираа Лука Јовиќ, лесно би можело да се согласат на ваков чекор. Со тоа и Арсенал би добил квалитет во нападот.

Емери покрај шпиц, бара уште и стопер и десен бек, како и играч од средината на теренот.