Чешкиот фудбалски прволигаш Бањик Острава денеска потпиша нови договори со двајца фудбалски ветерани. И двајцата веќе се подзаборавени на светската фудбалска сцена, но нивните имиња во чешкиот фудбал имаат тежина.

37-годишниот Милан Барош денеска стави потпис на нов едногодишен договор со клубот до крајот на сезоната 2019/20, а истото го направи и неговииот врсник, голманот Јан Лаштувка. За разлика од Барош, кој поради повреди минатата сезона одигра само 18 меча за Бањик, Лаштувка и натаму е незаменлив на голот со 35 настапи.