Се чини дека Наполи победи во трката по потписот за Елиф Елмас. Часови го делат „дијамантот“ од договор со еден од најголемите клубови во Италија.

Македонскиот супер талент во наредните пет години најверојатно ќе биде под Везув, и тоа за 1.5 милиони евра по сезона, додека наполитанците се согласиле за него да му платат на Фенербахче цели 15 милиони евра отштета, плус бонуси. Медиумите во Италија тврдат дека речиси и да има договор, но и тоа дека утре прво ќе има лекарски прегледи па потоа и официјално објавување на трансферот.