Организаторите на Вимблдон ја казнија американската тенисерка Серена Вилијамс со 10.000 долари. Причината за оваа одлука е однесувањето на носителката на 23 Грен слем титули. Таа оштетила еден од терените на комплексот на „Ол Ингланд Клуб“ кога почнала да удира со рекетот по тревата. Тоа се случило за време на тренинг пред почетокот на Вимблдон.

Австралиецот Ник Кириос исто така доби парична казна, очекувано, поради своите коментари кон судиите и неспортското однесување за време на мечевите од првото и второто коло. Кириос доби казна од 8000 долари. Италијанецот Фабио Фоњини ќе плати 3000 долари за неколку прекршоци меѓу кои и пцуење во поразот во третото коло со Тенис Сандгрин.