Аргентинскиот напаѓач се врати во Јувентус откако му истече договорот со Челзи како позајмен играч. Лондонскиот тим не сакаше да го откупи договорот на Гонзало Игуаин, кој од почетокот на овој месец одново стана член на „Старата дама“.

Но, во составот на тимот од Торино нема место за него, па го ставија на трансфер листата.

По доаѓањето на Маурицио Сари работите се променија, Игуаин сака да остане во Јувентус, оваа желба се чини нема да му оствари. Новиот стратег веќе е известен дека Аргентинецот ќе биде продаден. Голем интерес за него покажа Рома која бара замена за Един Џеко.

„Sky Sports’ објави дека Игуаин одбил да си оди од Јувентус, неговиот џокер е токму Сари и неговите добри односи со него.

Дали ќе остане или пак ќе направи трансфер во друг тим останува да биде познато наскоро. Добро е познато дека Јувентус во своите редови ги сака Икарди и Лукаку.