Она што завчера СПОРТМЕДИА го најави, од денеска е и официјално. Имено Дојранско Езеро со допис до ФФМ побарало сепак во следната сезона да не игра во Втората лига – Исток, и тоа поради немањето доволно финансии.

Истото тоа го побарала и втората во Третата лига – Југ, Тиверија. За останатите да не говориме, ако „најдобрите“ немаат пари тогаш што останува за нив. Во тој регион никој не сакал да игра во Втората лига, ете и тоа е можно. По ова ќе решава Комититетот за итност на ФФМ.

Дознаваме дека и Детонит, екипа која беше седмопласирана во Втората лига – Исток минатата сезона и испадна, немала намера да игра повторно во таа лига. Така да доаѓаме до можноста Саса, екипа која лани беше осма во Втората лига – Исток, сепак да игра во следната сезона во оваа конкуренција. Но затоа секако дека ќе решава Комитетот за итност на Фудбалската Федерација на Македонија. Овој проблем мора да се реши што побргу зошто набргу ќе мора да се одржи и ждрепката за следната сезона. Да се потсетиме дека нешто слично лани се случуваше со Осогово, но тогаш имаше екипи кои сакаа да играат во Втората лига.

Од сето ова произлегува дека најдобра варијанта е да се врати единствената втора лига, како што беше до пред некоја сезона.

Кога сме кај третите лиги во источната конкуренција да кажеме дека први беа Д. Езеро, Осогово и Питу Гули, и тие се здобија со право да играат во Втората лига, но сега кога треба да се игра клубовите се соочуваат со финансиски проблеми.