Каваи Ленард, кој претпочиташе да го напушти Торонто и да им се приклучи на ЛА Клиперс, очигледно не го одбрал вистинскиот клуб во Лос Анџелес. Тој и неговиот иден соиграч Пол Џорџ кој исто така потпиша за Клиперс, добија закани дека нема да бидат услужувани доколку седнат во некое од кафулињата од ланецот „Алфред Кафе“.

„Го задржуваме правото да одбиеме да ги служиме Каваи Ленард, Пол Џорџ и сите останати играчи на Клиперс”, објавија на својот Инстаграм профил од „Алфредо Кафе“.