Дејан Милосављев е еден од момците кои со златни букви се запишаа во историјата на Вардар. Српскиот голман во Скопје дојде како анонимец, ретко кој веруваше дека ќе успее да го замени Арпад Штербик. Дека има храброст и квалитет покажа уште на првиот дуел против Монпелје. На крајот се најде во тимот на сезоната во ЛШ и ја има најдобрата одбрана сезоната што веќе е зад нас.

По завршување на сезоната и освојување на титулата во Лигата на шампионите одлучи да го замени дресот на Вардар со Фуксе Берлин.

„Во дресот на Вардар остварив голем успех. Сите во овој тим се посебни, тие се мојот мотив да продолжам напорно да работам пред новите предизвици“, вели Милосавље во интервју за „eurohandball“.

Младиот голман со нетрпение го чека стартот на подготовките со Фуксе Берлин.

„Едвај чекам да игра за Бундес-лига, една од најдобрите лиги во Европа. Фуксе Берлин е стабилен тим со големи амбиции, се надевам дека ќе успеам да му помогнам на тимот“.

Од бројните атрактивни одбрани како играч на Вардар ја издови онаа ос седум метри против Пик Сегед во Скопје.