Ќатип Османи, тренерот на Шкендија, истакна задоволство од резултатот на првиот меч, но е внимателен пред реваншот. Призна дека е изненаден од тоа како Номе Калју играле дефанзивно.

„Првиот меч е завршен, но тоа не значи дека е се’ готово. Овој резултат не гарантира ништо. Треба добро да се подготвиме за вториот меч и да дадеме се од себе. Одигравме онака како што се договоривме и се обидовме да дадеме гол. Изненаден сум од тоа како Номе Калју играше дефанзивно. Секако дека резултатот ни дава мотивација да бидеме добро подготвени. Сега знаеме многу работи за нашиот противник, но не верувам дека вака како денес ќе играат и на реваншот“, изјави Османи по мечот.