Зекирија Рамадан со неговиот Фероникели успеа да извлече добар резултат во дуелот со ТНС од Велс. Иако велшаните имаа 2:0 до 89 минута, сепак, во истата минута косовскиот шампион дојде до намалување, а потоа во третата минута од продолжението и до израмнување. Со тоа сега пред реваншот во Косово, Фероникели има шанса да оди во 2. квалификациско коло.

За Фероникели играше и Бесмир Бојку.

Минатогодишниот учесник во групната фаза од ЛШ, тимот на Црвена Звезда не го скрши отпорот на Судува, и одигра без голови против противникот од Литванија. Сепак, и вака српскиот првак има предност, со оглед дека реваншот ќе го игра на свој терен.