Од денеска, како што информираат од Беласица, нов тренер на стрмичкиот второлигаш е Ване Милков. Тој попладнево беше промовиран од страна на спортскиот директор Ацо Стојанов кој до пред некоја недела беше на клупата на Беласица. Инаку Милков е познат по тоа што во последните четири години беше тренер во младинската школа на клубот каде оствари добри резултати.