Работнички ја продолжува стратегијата за форсирање на младите фудбалери од академијата на клубот. Прв професионален договор потпиша Димитар Тодоровски. Тој се обврза на тригодишна верност.

Димитар Тодоровски има 17 години, игра во средниот ред. Тој е македонски репрезентативец и оваа сезона добива шанса да се докаже и во сениорска конкуренција.