22:15 – Пропадна трансферот на Макси Гомез во Вест Хем. Иако „чеканите“ беа подготвени да платат 50 милиони евра за него, фудбалерот им кажал дека не сака да оди кај нив. Уругваецот, наводно, сака да остане да игра во Ла Лига и негова следна дестинација, по се изгледа, ќе биде Валенсија.

21:48 – Шпанска „Марка“ вечерва објави информација дека Манчестер Ј. веќе ја одредил цената за продажба на Пол Погба. Ни помалку, ни повеќе – 180 милиони евра.

21:28 – Германскиот дефанзивец Криштоф Цимерман денеска го продолжи договорот со Норич на уште 4 години. Екс-фудбалерот на Борусија (Д) дојде во Норич пред две сезони.

21:09Осасуна купи фудбалер на Реал Мадрид. Станува збор за младиот Хауме кој досега настапуваше за младинците на Реал (М) и кој во Осасуна се сели како слободен фудбалер. Хауме потпиша договор со Осасуна до 2022 година и веднаш е испратен на позајмица во Луго на една сезона.


21:05 – Луда кинеска понуда за Герет Бејл. Комплетната вест ја имате ТУКА.

20:59 – „Скај Италија“ тврди дека Сампдорија постигнала договор со Валенсија за Колумбиецот, Џејсон Муриљо. Сумата на трансферот треба да биде 14 милиони евра. Деталите ќе се знаат наскоро.

20:49 Интер и официјално ја постави цената за Наинголан. Марота за него ќе бара 30 милиони евра. Се чекаат понуди од заинтересираните клубови.

20:10 – Чешкиот прволигаш Бањик Острава ги продолжи договорите со двајца свои ветерани. Целата вест ОВДЕ.

20:02Стив Брус е единствениот вистински кандидат за наследник на Рафаел Бенитез на кормилото на Њукасл, тврдат англиските весници. Актуелниот менаџер на Шефилд В. веќе имал разговори со сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли.

19:31 – Британски „САН“ пишува дека менаџерот на Манчестер Ј., Оле Гунар Солскјер, го замолил Ромелу Лукаку да остане на „Олд Трафорд“ и следанта сезона.


19:24 – Мануел Лазари во четврток ќе стане нов фудбалер на Лацио. „Римските орли“ постигнале договор за негов трансфер од екипата на СПАЛ, само се очекува тој да ги мине лекарските прегледи. Вредноста на трансферот ќе биде 9 милиони евра.

18:58 – И официјално, синот на Зинедин Зидан, Лука Зидан е позајмен во шпанскиот второлигаш Расинг Сантандер. Позајмицата од Реал (М) е на една сезона.


18:54 – Тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, инсистира во тимот да го добие младиот турски напаѓач од екипата на Селта, Емре Мор. Преговорите меѓу Галата и играчот започнале, но се чека ставот на Селта.

18:40- Најавите се реализираа. Алберто Морено е нов фудбалер на Виљареал. Повеќе на следниот ЛИНК.

18:22Сампдорија испрати барање за позајмица на фудбалерот на Зенит, Емилијано Ригони. Новиот тренер на Самп, Ди Франческо, се надева дека може да го добие Ригони на позајмица за 1 милион евра, со опција за перманентен договор следното лето.

18:06 – „Скај Спорт“ предмалку објави дека Манчестер Јунајтед доставил понуда за трансфер на играчот од средниот ред на Саутемптон, Марио Лемина. Наводно, Лемина добил дозвола да преговара со други клубови и не бил вклучен во листата на играчи за тренинг кампот во Австрија.

17:58 – Откако му заврши позајмицата во Севиља, Андре Силва се врати во Милан. Според изјавата која ја дал за клупската телевизија, очекува средба со тренерот за да види дали ќе остане во редовите на „росонерите“ следната сезона. Многумина веќе го избришаа од списокот на Џампаоло.

17:17 Џеј Родригез се врати дома. Трансферот во екипата на Барнли денеска е комплетиран за сума од 11,1 милиони евра. 29-годишниот напаѓач потпиша договор со Барнли до 2021 година.


17:10Такехиро Томијасу од денеска и официјално е нов фудбалер на Болоња. Трансферот е потврден за сума од 7 милиони евра. Томијасу во Серија А доаѓа од белгиски Ст. Труиден.


15:51Монако почна преговори со Интер за потписот на Жоао Марио. Се споменува цифра од 25 милиони евра која Интер ја бара за фудбалерот. Французите се обидуваат да добијат намалување на сумата или да го земат Португалецот на позајмица со право на откуп.

15:17 – Трансферот на Де Лихт во Јувентус е на чекор да се комплетира. Фудбалерот веќе го доби и дресот со кој ќе игра во редовите на „Старата Дама“. Повеќе за ова ТУКА.

15:01 – Претседателот на Спортинг (Л), Федерико Варандас, денеска пристигнал во Манчестер. Според информациите на португалските медиуми, тој таму е за некаква средба за меѓусебна соработка со Манчестер Сити, но веќе има шпекулации дека најверојатно ќе го комплетира и трансферот на Бруно Фернандес во еден од двата манчестерски состави.

14:48 – Новинарот на германски „БИЛД“, Кристијан Финк, денеска излезе со потврда на вчерашните информации. Баерн (М) отворено разговара за трансфер на Лерој Сане или Усман Дембеле во своите редови. Се чека само јасен сигнал од фудбалерите, дали сакаат да дојдат во Минхен.

14:45 – Давид Окереке е нов играч на Бриж! Белгијците платија рекордни 10 милиони евра за фудбалерот на Специја, кој денеска потпиша 4-годишен договор со белгискиот гигант.


14:42Рома е фаворит за потписот на фудбалерот на Фулам, Жан-Мишел Сери. Италијанското радио „Теле Радио Стерео“ денеска објави дека агентот на 27-годишниот фудбалер бил на средба со челниците на Рома и наскоро ќе падне договор за трансфер на Сери на „Олимпико“.

14:31Фенербахче има ново засилување. За сума од 1,5 милион евра, ново име во редовите на Фенер е Алтај Бајиндир, досегашен фудбалер на екипата на Анкарагучу. Тој потпиша договор со новиот клуб до 2023 година.


14:26Манчестер Сити ќе ја добие битката за 16-годишното лево крило на ВБА, Морган Роџерс. Сумата која Сити ја стави на маса за овој млад талент е 8,8 милиони евра.

13:35 – Искусниот напаѓач Чеик Дијабате кој порано играше за Бордо и Мец потпиша двегодишен договор со иранскиот Естегал.

13:34 – Младиот чешки напашач Мартин Грацијар премина од Фиорентина на позајмица во Спарта Прага со опција да биде купен.

13:30 – СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: Барселона го претстави новиот голман Нето кој дојде од Валенсија.

13:28 – Тимоти Кастањ нема да оди во Кристал Палас туку ќе го продолжи договорот со Аталанта со која ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона.

13:19 – Еден трансфер во женскиот клупски фудбал. Ливерпул го потврди трансферот на 23-годишната Џејд Бејли која доаѓа од Челси. Претходно таа играше за Арсенал.

13:14 – Англискиот Нотингем Форест, некогашниот европски првак, денеска потврди уште тројца нови играчи тоа се Алфа Семедо и Јури Рибеиро од Бенфика, како и голманот Аријанет Муриќ кој доаѓа како позајмен од Манчестер Сити.

13:00 – Бешикташ е многу блиску до ангажман на фудбалерот на Хамбургер Луис Холтби.

12:00 – Некогашниот лев бек на Ливерпул Алберто Морено наскоро ќе му се приклучи на Виљареал со петгодишен догорот.

11:30 – Се чини дека можеби ќе успее личното убедување на Карло Анчелоти до Елјиф Елмас, за да „дијамантот“ стави потпис за Наполи. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

11:11 – Францускиот бек Ибрахим Диало му се приклучи на Брест од редовите на Монако за околу три милиони евра. Играчот стави потпис на четиригодишен договор.

11:10 – Играчот за врска на Аталанта Марко Далесандро ќе се пресели во СПАЛ на позајмица со право на откуп за 3.000.000 евра.

11:00 – Крилниот напаѓач Флавиен Те премина од Анже во Рен. Обештетувањето изнесува 10.000.000 евра, а договорот е на четири години.

10:40 – Новиот тренер на Андерлехт Венсан Компани е во офанзива. Активен е на трансферниот пазар, а успеа да донесе уште еден фудбалер од неговиот довчерашен клуб Манчестер Сити. Претходно Компани го донесе Самир Насри, со кого играше во Манчестер Сити, а денеска го комплетираше трансферот на холандскиот стопер Филип Сендлер.

10:36 – Утринава таткото на Нејмар удри по Пари Сен Жермен откако во францускиот шампион соопштија дека ќе го казнат фудбалерот поради тоа што не се појавил на закажаниот тренинг. Еве што таткото на Нејмар му порача на ПСЖ (ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ)

10:29 – Украинецот Јури Вакулко го напушти Партизан и прејде во украинскиот Дњепар 1. Се работи за новоформиранот клуб од истоимениот град кој е наследник на стариот Дњепар кој банкротираше.

10:25 – ОФИЦИЈАЛНО: Бразилскиот напаѓач Елкесон се врати во Гвангжу Евергранде. Пред три години овој клуб го продаде во Шангај СИПГ за 16.500.000 евра, но се уште не е познато колку чини враќањето на Бразилецот.

10:15 – Турскиот Газијантеп кој се пофали со продолжување на договорот со бразилскиот фудбалер Жуниор Жеферсон.

10.00 – Дефанзивецот на Џенова Кристијан Ромеро е веќе во Торино на лекарски прегледи и во текот на денешниот ден ќе го комплетира трансферот во Јувентус. Аргентинецот ќе потпише договор со Јувентус, но ќе биде испратен назад во Џенова како позајмен на една сезона.

09:00 – Вест Хем го понудил Хавиер Чичарито Хернандез на италијанскиот прволигаш Фиорентина. Сепак, според информациите од Апенините трансферот би се реализирал само ако Џовани Симеоне го напушти „Артемио Франки“.

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!