Убави вести доаѓаат од Кавадарци, од ФК Тиквеш. Имено вчера на пресот на кој претседателот на клубот Миле Масларков, информираше за сите досегашни засилувања, тој најави и реконструкција на Градскиот стадион. Обезбедени се околу 400.000 евра.

Приоритет ќе биде теренот, а планирано е и поставување на рефлектори со цел да може да се играат и ноќни натпревари. Новина е тоа што ова лето за првпат традиционалниот меѓународен турнир „Вуко Каров“ ќе се игра во летен термин, и ќе се одржи на 3 август. Сето ова наговестува дека ФК Тиквеш и градот Кавадарци силно се здружени во остварување на целта, а таа е прво место во Втората лига – Исток во сезоната 2019/2020 и пласман во елитната лига.