Некогашниот репрезентативец Стефан Ашковски, е нов член на Ботошани. Ова се знаеше и претходно, но сега Ашковски е официјализиран во романскиот тим.

Ова ќе биде прв романски клуб во кариерата на Ашковски. Во минатото настапуваше за Телеоптик, Партизан, Доњи Срем, Напредак, Штромгодсет, Шкендија, Нови Пазар, Кајзериспор, Фортуна Ситард, Горник Лечна и Славија Софија.