Вардар го совлада Работнички со 2:1 на контролен натпревар што се одигра денеска во Хиподром. „Романтичарите“ поведоа со голот на новиот играч Марко Клисура, но Вардар го сврте резултатот во своја корист со головите на Ибиши и Аврамовски од пенал откако првото полувреме заврши без голови.

Инаку овој меч првично требаше да се одигра во Аеродром но поради силниот дожд и поплавениот терен, мечот беше префрлен во тренинг кампот на Вардар.

Ова за Вардар беше прв меч во летните подготовки, додека Работнички го одигра вториот меч и го запиша вториот пораз.