Работнички промовираше ново име. 23-годишниот Виктор Велкоски потпиша едногодишен договор со тимот од „Градски парк“ и ја зголеми конкуренцијата во средниот ред. Тој веќе му е на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Велкоски последните шест месеци ги мина во грчкиот клуб Егиниакос како интернационалец, а претходно беше дел од Вардар, Пелистер, Љубанци и Скопје.