После спарните денови следуваше дожд и токму кога Академија Пандев се спрема за важната европска премиера против Зрински. Струмичани излегоа на теренот да го одработат тренингот на теренот на кој утре ќе го играат мечот од 1. квалификациско коло во Лига Европа. Иако врнеше силен дожд, „Пандевци“ професионално си го одработија тренингот. По изразот на лицата изгледа воопшто не им сметаше студеното време и дождот – напротив како да посакуваа постуден бран место спарно време.
Инаку мечот меѓу Академија Пандев и Зрињски ќе се одигра утре од 19:00 часот.