Што се случува? Медиумите во Италија и Турција веќе два дена го најавуваат трансферот на Елиф Елмас во Наполи за готов, дека тој денеска треба да мине лекарски прегледи. Но, „дијамантот“ место во Неапол, пред неколку часови слета во Истанбул. Се разбира дека тој е интересен за новинарите, па на прашањето што бара во Истанбул и зошто не е во Италија, Елмас одговори:

„Не знам ништо за никаков трансфер, јас сум овде во Истанбул за да му се приклучам на мојот тим во кампот на подготовките“.

Сепак последните информации велат дека тој до крајот на денот или најдоцна утре, треба да замине во Неапол.