Од денеска и Пелистер, еден од нашите најпознати клубови е во „погон“. Стратегот Дарко Крстески означи старт на летните подготовки. А на првиот тренинг беше присутен Борче Маневски, кој по долги години се врати во својот матичен клуб. Инаку последен клуб на Маневски му беше косовскиот Балкани, потоа новаците Мики Јовановски кој дојде од Лабуништа и Мирко Симјановски.

Неофицијално од Пелистер најавуваат дека ќе има уште некои засилување. Инаку од таборот на битолските „зелени“ не кријат дека оваа сезона треба да биде поуспешна од минатата и дека имаат намера да се борат за првото место во Втората лига – Запад, што значи да бијат битка за враќање во елитата. Ова го најави и Пеце Стојчевски, претседателот на ФК Пелистер на денешната прв состанок со играчите.