И фудбалерите на Зрински го почувствуваа теренот на нашиот најголем стадион. И нив не ги посака времето, дождот ги наврна, но го одработија тоа што го имаа зацртано за во Скопје. По прес-конференцијата тренерот Хари Вукас и неговите фудбалери излегоа на теренот и одработија еден полесен тренинг.
По 12 години Зрински повторно е во Скопје. Да потсетиме во 2007 година беше на гости кога играше против Работнички во 2. квалификациско коло на Купот на УЕФА и тогаш одигра без голови. Но тоа е минато, ова се други времиња, ова е сосема друга екипа, а на спротивната страма имаат дебитант во евро-куповите.