Иван Марковиќ, брат на екс фудбалерот на Вардар Вања Марковиќ, е пред потпис со Работнички. Станува збор за 25-годишен играч од офанзивниот дел на средниот ред кој треба да ги засили редовите на „романтичарите“.

Тој веќе неколку дена тренира со Работнички, и во следните денови ќе треба да следува потпис.

Вања Марковиќ играше во Вардар една сезона, по која замина во Португалија, а пред неколку дена потпиша, па го раскина договорот со Војводина.