Иако среда беше денот „Д“ за трансферот на Антоан Гризман во Барселона, по се изгледа, тоа летно трансфер чудо нема да се случи ни денеска. Барселона денеска требаше да префрли 120 милиони евра во касата на Атлетико и да го добие Французинот, но ниту парите се стигнати во Мадрид, ниту Гризман и преставниците на Барса се дојдени во седиштето на Ла Лига за да ја активираат откупната клаузула.

Во Шпанија утрово се шират гласини дека Каталонците, всушност, немаат доволно пари за да го реализираат трансферот. Весникот „АС“ пишува дека затегнатите односи на релација Барселона – Атлетико (М) не даваат простор за договор. Или целата сума, или Гризман нема да оди на „Камп Ноу“.

Каталонскиот весник „Спорт“, денеска го потврдува ова што го објави „Ас“ со констатација дека пари ќе има, но дури за 72 часа, што значи дека трансферот повторно е одложен.