Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике ќе биде принуден да плати повеќе од 2 милиони евра на име парични казни и заостанати даноци. Шпанските власти уште еднаш ги одбија неговите жалби, така што Пике ќе нема друг избор освен да „бркне“ во џебот и да си ги плати долговите и обврсите кон државата.

Националниот судски совет на Шпанија ја отфрлил жалбата на играчот против одлуката на Централниот управен и економски суд. Претходно, шпанските власти го обвинија Пике за симулирање при трансферот на своите имиџ права на неговата компанија „Kerad Project 2006“ со цел да плати помалку даноци отколку што треба.

Пике има право да поднесе жалба до Врховниот суд на Шпанија.