Очекувано, Рафаел Надал го доби дуелот со Сем Квери и закажа полуфинале против Роџер Федерер на Вимблдон.

Шпанскиот тенисер доминираше против Американецот, дуелот го заврши без загубен сет 3-0 (7-5, 6-2 и 6-2). Само во првиот сет Квери успеа да му парира на Надал,  при 5-5 направи ри-брејк за 7-5. Во продолжение сликата беше поинаква, шпанскиот тенисер влезе во ритам, не остави простор за изненадување.

Претходно Федерер беше подобар од Нишикори со 3-1.

Во втората полуфинална двојка Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите со Баутиста Агут.