Унгарскиот првак Ференцварош го совлада бугарскиот шампион Лудогорец во еден од најинтересните натпревари од 1.квалификациско коло на Лигата на шампионите. Првиот меч на „Групама арена“ во Будимпешта Фради успеа да оствари резултат од 2:1 и со минимална предност ќе патува на реваншот во Разград.

Томас Нгуен го доведе Ференцварош во водство во 6. минута, а изедначи Јакуб Свержок во 31. минута. Во 65 минута на асистенција на Нгуен, украинскиот интернационалец Александар Зубков го пронајде патот до голот на Бугарите. За Ференцварош не играше Стефан Спировски поради повреда.

Црногорскиот шампион Сутјеска направи изненадување со ремито на гостувањето во Братислава против Слован.
Домашните поведоа со голот на Андраж Шпорар во 82. минута и кога се чинеше дека Словаците ќе победат, Црногорците се вратија. Поранешниот играч на Вардар Дамир Којашевиќ ја погоди мрежата на Слован во петтата минута од судиското продолжение и донесе 1:1 за Сутјеска. Црногорците можат на домашен терен да изборат место во 2.квалификациско коло на ЛШ.

РЕЗУЛТАТИ

ПАРТИЗАНИ (Алб) – КАРАБАХ (Азе)   0:0

БАТЕ (Блр) – ПЈАСТ (Пол)            1:1

ШЕРИФ (Мол) – САБУРТАЛО (Гру)          0:3

ФЕРЕНЦВАРОШ (Унг) – ЛУДОГОРЕЦ (Буг)           2:1

СЛОВАН (Свк) – СУТЈЕСКА (Ц.Гора)        1:1

ДАНДАЛК (Ирс) – ФК РИГА (Лет)             0:0

ЛИНФИЛД (С.Ирс) – РОЗЕНБОРГ (Нор) 0:2

ВАЛУР (Исл) – МАРИБОР (Сло)                во тек