Боите на Македонија на престојното светско првенство во пливање кое ќе се одржи во јужнокорејскиот град Гвангжу ќе ги бранат пет пливачи. Во натпреварите во далечинско пливање ќе се појави Евгениј Поп Ацев, додека во пливачките дисциплини ќе не преставуваат и Филип Дерковски, Давор Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска.

Светскиот шампионат ќе се одржи од 16 до 28 јули.