По двете убедливи победи, над Вардар Форино (6:1) и Кек (7:0), фудбалерите на Струга Трим Лум во сабота ги очекува уште еден пријателски натпревар. Со Силекс во сабота и тоа во Гостивар. Интересно, ќе се игра во Гостивар и тоа во договор на двете екипи да се најдат некаде на половина пат, од Кратово до Струга, па Гостивар излегол како идеално решение.

Инаку стружани, дебитантот во Првата лига во следната сезона, до 16 ќе се подготвува дома, потоа се сели на десетдневни подготовки во Банско. Таму ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари со силни противници.