Андре Ширле, еден од играчите кои сега требаше да бидат на големата сцена, никако да се пронајде себе си. Од страна на медиумите беше прогласен за голема трансфер утка, а направи пет трансфери вредни вкупно 93 милиони евра.

Токму финалето на СП 2014 година кога му асистираше на Геце за голема победа и освоениот шампионски пехар, беше добра препорака, но Ширле и натаму е далеку од она што од него се очекуваше.

Ширле замина во Челзи за 22 милиони евра, а потоа Волфсбург го плати 32 милиони. Борусија Дортмунд го купи за 30 милиони, а сега веројатно „милионерите“ ќе го продадат за само 14 на некој клуб (Бешикташ и некои кинески тимови се заинтересирани).

Никако не успеа да фати континутет на добри настапи, а имаше и многу повреди. Минатата сезона ја мина како позајмен на Фулам со кој испадна од Премиерлигата, и сега се врати во Дортмунд, но „жолтите“ ќе го продаваат.