Реал Мадрид одамна го договори трансферот на младиот дефанзивец Едер Милитао од Порто. Тој дури денеска беше претставен како нов играч на „кралскиот клуб“, првото јавно обраќање на Едер не помина по планот. Младиот Бразилец ги помина лекарските прегледи, а денеска излезе на тревникот на „Бернабеу“ на фото сесија. Потоа следуваше и прес-конференција, на која 21-годишниот дефанзивецт одговараше на прашања на новинарите.

Додека одговараше почна да се поти, да се чувствува лошо, се напи вода, ја олабави машната, продолжи уште малку и веќе не можеше – стана и ја напушти просторијата.

Ми се врти во главата. Денот беше премногу емотивен и возбудлив“, изјави Милитао пред да ја напушти просторијата.