Македонската кадетска одбојкарска репрезентација го освои третото место на на Балканското првенство за играчи до 18 години во Урошевац (Феризај), откако ја совладаа Албанија со 3:1(22:25, 25:19, 25:19, 25:22).

Селекторот Ванче Санев и неговите избраници имаат зошто да бидат горди го остварија најдобриот резултат во младинските категории, ова е прв медал од Балканијадите во која било конкуренција.

Нашите момци славеа во соблекувалната по завршување на дуелот со Албанија, видеото може да го видите на овој ЛИНК.