Новиот играч на Интер Стефано Сенси зборуваше за новиот клуб за тоа што очекува во новата сезона и за импресиите во клубот од „Џузепе Меаца“. 23-годишниот играч верува дека со Конте на клупата Интер ќе биде сличен со Барселона поточно ќе ја примени познатата тика-така игра.

Почнувам нова авантура. Искрено, се чувствувам како одамна да сум член на Интер. Бргу се вклопив во екипата, дури и самиот се изненадив колку добро напредувам. Мојот идол е Чави Ернандез. Тој е како дел од мојата фамилија: Пораснав гледајќи ги неговите натпревари, а и сега како играч применувам многу негови финти. Секогаш ми се допаѓала неговата игра. Јас сум фан на Барселона и се надевам дека ќе се сретнеме со нив во Лигата на шампионите. Мислам дека на Интер му недостасуваше шампионски менталитет. А сметам дека Интер сега има потенцијал да направи нешто супер во новата сезона. Јас би сакал да оставам печат овде. Би можел да бидам миланскиот Чави“, изјави Сенси кој додаде уште нешто што нема да им се допадне на навивачите на Милан.

Апсолутно сум убеден дека направив вистински потег што го одбив Милан, за да дојдам во Интер. А првите неколку денови го потврдија тоа“, вели Сенси кој дојде од Сасуоло.