22:45 – Грегори Дефрел се сели од Рома во Каљари откако клубот од Сардинија се согласи да плати 12.000.000 евра за него.

22:35 – Германскиот играч за врска Малком Баду од Волфзбург отиде во Спартак Москва за интересна сума – само 75.000 евра!

22:30 – Монако потврди дека левиот бек Антонио Барека се сели на позајмица во Џенова

22:00 – Некогашниот фудбалер на Рома Салих Уџан си замина од Емполи и се врати во Турција каде потпиша за Алања.

21:40 – Андреас Сков Олсен одби да потпише договор со Болоња иако се беше спремно за негов трансфер. Повеќе ОВДЕ

21:00 – Чаби Алонсо е именуван за тренер на Б тимот на Реал Сосиедад. Славниот фудбалер, кој играше во Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, се врати во клубот во кој ја почна кариерата – Сосиедад и сака своето искуство да го пренесе во матичниот клуб.

20:28 – Колумбискиот репрезентативец Луис Диаз го комплетираше трансферот во Порто. Тој потпиша до 2024 година и го доби дресот со број 7.

20:00 – Дивок Ориги, еден од најзаслужните играчи за европската титула на Ливерпул, официјално стави потпис на „долгорочен“ договор.

19:30 – Дефанзивецот на Брегот на Слонова Коска Симон Дели од Спарта Прага премина во Бриж за 3.500.000 евра.

18:44 – Новиот шпански прволигаш Мајорка го ангажираше играчот за врска на Леонеса Џозепе Сене на три години.

17:50 – Новиот директор на ПСЖ Леонардо сака да го продолжи договорот со Единсон Кавани. Уругваецот има 32. години и влезе во последната сезона од договорот, а Бразилецот сака овој напаѓач да остане подолго.

19:06 – Касимпаша го комплетираше трансферот на Јусуф Ердоган кој доаѓа од Трабзонспор.

17:20 – ОФИЦИЈАЛНО: Марсеј потврди дека Марио Балотели го напушти клубот откако му истече договорот. Италијанецот е слободен агент и е во потрага по нов клуб. Се зборува дека може да прејде во Парма или Вест Хем.

17:06 – Родриго Бекао го комплетираше трансферот од бразилскиот клуб Баија во италијанскиот прволигаш Удинезе. Фудбалерот стави потпис на договор до летото 2024 година.

17:01 – Арсенал, но оној рускиот, од Тула, се засили со двајца репрезентативци на Замбија – Ламек Банда и Кингс Кангва. Тие директно доаѓаат од замбискиот шампионат, а Кингс е брат на Еванс Кангва кој е член на рускиот Арсенал.

16:50 – Нотингем Форест се пофали со шестото засилување ова лето. Се работи ганскиот крилен фудбалер Алберт Адомах кој дојде како слободен фудбалер откако Астон Вила не му понуди нов договор. „Шумарите“ се надеваат дека Адомах ќе биде среќен за нив како што беше за Мидлсбро и Астон Вила со кои изборуваше промоција во Премиер лигата. Адомах потшиша договор на две години.

16:30 – Зенит се согласил да го испрати аргентинскиот дефанзивец Емилијано Ригони во Сампдорија на позајмица за 1 милион евра со тоа што клубот од Џенова може да го откупи за 9 милиони евра.

16:24 – Џенова ќе се засили со репрезентативецот на Венецуела Јан Хуртадо. Сегашниот клуб на фудбалерот Гимназија Ла Плата ја прифатила понудата на италијанскиот клуб и наскоро се ќе биде решено. Но Бока Јуниорс се надева дека ќе го расипе трансферот и ќе го грабне Хуртадо во своите редови пред носот на Џенова.

15:14 – Германскиот бундеслигаш Фортуна Дизелдорф денеска го позајми напаѓачот на Штутгарт, Ерик Томи на една година, со опција за постојан договор следната сезона.


15:01 – Португалскиот весник „А Бола“ пишува дека Јувентус и Бенфика се пред постигнување договор за голманот Матиа Перин. Иако Јуве сака да го продаде за 15 милиони евра, најверојатно ќе се согласи да го прати Перин најпрво на позајмица, а потоа Португалците да имаат право на откуп.

14:36 – Севиља не се откажува. Според последните информации веќе е испратена понуда до канцеларијата на Галатасарај за Фернандо. Шпанците понудиле 4,5 милиони евра.

14:30 – Стефан Ашковски промовиран во Ботошани. Повеќе ќе прочитате ТУКА.

14:14 – Тотенхем отвори преговори со Реал Мадрид за потенцијален трансфер на младинскиот репрезентативец на Шпанија, Дани Себаљос. „Скај Спортс“ тврди дека играчот јасно ставил до знаење дека ако оди во Тотенхем тоа ќе биде само на позајмица.

14:06Наполи е се поблиску до Хамес Родригез. Денеска првиот човеко на клубот имал разговор со таткото на фудбалерот. Останува да се види што е договорено.

14:03 И француски Ст. Етјен има ново засилување. Ново име во францускиот клуб е Денис Буанга, кој доаѓа од екипата на Ним за сума од 4,5 милиони евра.

13:53 – И денеска не се случи ништо со најавениот трансфер на Антоан Гризман во Барселона. Која е причината, прочитајте ОВДЕ.

13:09 – Откако денеска го претставија новиот напаѓач Флоријан Аје од Клермон, првите луѓе на новиот италијански прволигаш Бреша преставија и ново голманско засилување. Официјално, Бреша го договори трансферот на голманот на ФК Копенхаген, Јоронен.

13:00 – Уругвајскиот напаѓач од екипата на Болоња, Фелипе Авенати од денеска е нов фудбалер на белгиски Стандард Лиеж. Сумата на трансферот изнесува 4 милиони евра.


12:35 – Дали е договорен трансферот на Емре Мор во Галатасарај? Во Истанбул веќе почнаа да печатат дресови со името на младиот турски голгетер од екипата на Селта.


12:09Џенова ја потврди позајмицата на Антонио Барека. Фудбалерот доаѓа во италијанскиот тим на позајмица од Монако на една година, можност за откуп на договорот.


12:02 – Баерн (М) се јавил во Ајакс за да праша колку чини Хаким Зијех. Од канцеларијата на холандскиот клуб стигнала цена од 30 милиони евра. Ако Баерн (М) не успее да пазари ништо поквалитетно летово, Мароканецот е реално засилување за германскиот шампион, смета весникот „Билд“.

12:00 – Се пореални се најавите за враќање на Диего Коста во Премиер лигата. Последните вести велат дека преговорите на Шпанецот со екипата на Вулверхемптон наскоро треба да се финализираат.

11:40 – Германски „Билд“ денеска објави информација дека Марио Манџукиќ може да се врати во дресот на Баерн (М). Ковач е расположен да го донесе како бек-ап опција за Левандовски. Се чекаат разговори и со играчот и со Јувентус.

10:52Ајакс не попушта под поставената цена за Де Лихт. Од Италија утрово пишуваат дека Јувентус ја разгледува опцијата да ја плати сумата од 75 милиони евра за младиот дефанзивец на холандскиот шампион, откако онаа последната од 67 милиони евра беше одбиена.

10:43 – Шпанското лево крило од екипата на Малага, Џони, практично е нов фудбалер на Лацио. Италијанските медиуми утрово потврдија дека Игли таре го комплетирал трансферот на 28-годишниот фудбалер, кој ќе биде четврто засилување за римјаните ова лето.

10:36 – Калум Вилсон во следните недколку дена треба да потпише нов 4-годишен договор со Бурнемаут. Со тоа ќе паднат во вода сите надежи на Вест Хем дека може да го купи ова лето.

10:08 – Каљари се пофали дека ја комплетираше позајмицата на стоперот Федерико Матиело од екипата на Аталанта. 


10:03 – Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, е на патување во Шпанија. По преговорите со Флорентино Перез во врска со трансферот на Хамес Родригез, тој ќе тркне и до Валенсија на преговори за трансфер и на Родриго.

09:45 – Помошникот на Гвардиола во Манчестер Сити, Микел Артета и актуелниот тренер на Ница, Патрик Виера, се споменуваат како нови кандидати за тренерското место во Њукасл.

09:35 – Од Италија утрово стигнува информација дека Наполи е пред договор со аргентинскиот талент Максимилиано Ловера, кого го нарекуваат „новиот Дибала“. 20-годишниот играч на Розарио Централ веќе имал разговори со наполитанците.

09:10 – Англиските медиуми велат дека Манчестер Ј. има план А доколку се случи Погба сепак да ги напушти летово. Замената за Французинот веројатно ќе ја побараат во Кристијан Ериксен од Тотенхем.

08:30 – Во Италија веќе се зборува дека Чичарито ќе се пресели во Фиренца. Целата вест ја имате ТУКА.

 

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!