Познатиот италијански новинар, Алфредо Педула, синоќа излезе со информација дека вториот македонски интернационалец од екипата на Палермо, Александар Трајковски, ќе замине во екипата на Спортинг Лисабон. Според информацијата на Педула, македонскиот интернационалец кон беше интересен за неколку италијански клуба, сепак, би бил адекватна замена во Спортинг кој е на чекор до продажба на својот креативец Бруно Фернандес во екипата на Манчестер Ј.

Трајковски би добил 4-годишен договор во Спортинг, но деталите ќе се знаат откако Португалците ќе ја затворат продажбата на Фернандес.