Антоан Гризман во следните денови треба и официјално да биде претставен како ново засилување на Барселона. Каталонскиот гигант за брзо време на сметката на Атлетико Мадрид ќе префрли 120 милиони евра за францускиот фудбалер, кој нема да има најдобар дочек.

Добро е познато дека фановите на Барселона не го сакаат Гризман, тој е еден од оние играчи кој бил посебно исфиркуван на „Камп Ноу“, причината е добро позната, никој не може да ја заборави летото 2018 година кога одби да дојде во Барса.