Денеска попладне три наши екипи ќе го одиграат својот прв натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Европа. Академија Пандев против Зрински ќе дебитира во фудбалска Европа, и затоа во таборот на струмичани радоста е голема што ете и тие во својата клупска историја ќе забележат евро настап.

Шкупи, ако ја сметаме тука Слога Југомагнат, одново ќе игра во Европа. Многу лош скор во Европа има Шкупи, од 20 натпревари само една победа, пет ремија и 14 порази го гол разлика 8:32. Да потсетиме дека Шкупи му гостува на Пјуник во Ерменија.

Македонија ЃП попладнево гостува кај Алашкерт во Ерменија, тоа ќе биде вкупно 13 европски натпревар за ѓорчепетровци. Нивниот биланс е три победи, две ремија и седум порази со гол разлика 9:25. Се разбира дека посакуваме сите три наши екипи оваа прва пречка во квалификациите во Лигата на Европа да ја прескокнат.