Легендата на литванската кошарка и актуелен тренер на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус, изјави дека ќе му треба многу време за да одлучи да ја напушти Литванија и тамошниот кошаркарски гигант Жалгирис и да замине во нова средина. За него има голем интерес од НБА тимовите, но и покрај тоа, тој има јасна цел – останува дома.

Информациите веќе извесно време го селат Шарунас во Торонто или Мемфис кои имаат конкретни понуди за него, но тој и натаму смета дека неговото место е во Каунас.

„Имам можност да го напуштам Жалгарис секогаш кога сакам. Но јас секогаш го кажувам истото: Многу е тешко да се извлечам од овој клуб бидејќи тој е најдобриот кошаркарски колектив во Европа“, вели Јасикевичиус во интервју за шпанските весници.

„Играчите и тренерите се третираат со голема почит, тие ни дозволуваат да работиме како што знаеме и мислиме и многу ни поддржуваат. И млад тренер мора да го цени ова. Бидејќи гледаме што се случува со тренерите на Евролигата, половина од тимовите ги менуваат на среде сезона. Овде не е таа и затоа немам причина да си одам“, смета литванската кошаркарска легенда.