Порано или подоцна, дел од познатите кошаркарски имиња по завршување на играчките кариери се враќаат во своите земји, стануваат дел од тамошните федерации.

Најсвеж пример за ова е претседателот на КФСМ, Перо Антиќ. Откако одлучи да се повлече од активно играње на кошарката отвори ново поглавје, стана прв човек на мак-баскетот. Примерите како некогашниот капитен на македонската репрезентација и првиот Македонец кој заиграл во НБА-лигата се бројни.

Интересно што на истата функција, но во Италија може да го видиме Џиџи Датоме, некогашниот соиграч на Антиќ од Фенербахче.

Лидерот на италијанската кошарка, Џани Петручи во интервју за „corriere.it“ откри дека вратите на Датоме се отворени, тој прв ќе се избори за него.