Јапонскиот Јокохама со помош на искусни напаѓачи ќе бркаат пласман во најсилната Џеј лига. По Казујоши Миура кој има 52 години и во јануари го продолжи договорот на уште една сезона, нов член на овој клуб е поранешниот играч од средниот ред на Селтик Шунсуке Накамура кој има 41 година.

Со тоа напаѓачкиот ред на Јокомаха ќе го предводат ветерани со богата играчка кариера затоа што и двајцата играа во многу европски клубови пред да се вратат дома. Дали тоа ќе биде клучот за успех, останува да видиме.

Инаку за Јокохама играат многу ветерани, на пример тука се Леандро Домингез кој има 35 години, Даисуке Матсуи (38), Казухито Ватанабе (32), Иба Лаџаб (34), голманот Јута Минами (39), Калвин Јонг (32), Масахико Иноха (33) и уште четворица играчи на 30 и 31 година.

Во тимот имаат само тројца фудбалери под 21 година. Системот на Јокохама се потпира на искуството.