Елиф Елмас, Мауро Икарди, Џејмс Родригез во Наполи. Овие информации кружат подолго време низ медиумите во Италија, но клубот од „Сан Паоло“ се уште нема реализирано ниту еден. Она што е поинтересно, медиумите го посочија трансферот на Елмас за завршен и дека играчот треба да дојде и да стави потпис на договор, па дури истакнаа финансиски параметри. Но вчера македонскиот репрезентативец се појави во Истанбул и продолжи да тренира во Фенервахче објаснувајќи дека не знае ништо за трансферот.

Во што е работата, првиот човек на Наполи Аурелио де Лаурентис излезе и објасни:

„Имаме голем интересе за Елмас, тоа не можам да го негирам, но постои проблем. Искрено за да го завршиме трансферот прво мораме да се ослободиме од некои играчи за да избегнеме пренатрупаснот. А кога имаш огромен број на играчи тоа не е продуктивно. Значи кога ќе ја редуцираме групата ќе почнеме со купување на играчи. Во контакти сме со Фенербахче за Елмас, но ќе мора да се почека“, вели Де Лаурентис во интервју за „Кориере дело Спорт“.