Ливерпул тргна со убедлива победа од 6:0 на првиот контролен меч пред стартот на новата сезона. На гостувањето против Транмере, европскиот шампион уште во 3. минута погоди за водство и најави дека уште во првиот меч ќе ја покаже својата вистинска сила.

Клоп на мечот им даде шанса на голем број млади фудбалери, кои ја искористија шансата и покажаа завиден квалитет. Интересно е што првиот гол всушност го постигна бекот Клајн, за кого се зборува дека ќе го напушти клубот. Одлично издание имаше младиот Брустер кој постигна два гола, а во вториот дел меѓу стрелците се запиша и „џокерот“ од минатата сезона, Дивок Ориги.