После оние 3:3 меѓу Пјуник и Шкупи, Македонија ЃП попладнево беше поразена во Ереван од Алашкерт 3:1. Ерменците имаат добар резултат пред реваншот во Скопје, а „лавовите“ на крајот се спасуваа и од поубедлив пораз, со оглед дека Алашкерт ја погоди пречката.

По првиот дел Алашкерт имаше водство од 1:0 со голот на Танков.

Сепак, Македонија ЃП имаше иницијатива и дојде до израмнување во 52. минута кога по нафрлена топка од десната страна, Јашароски со глава го најде патот до мрежата.

И кога се чинеше дека „лавовите“ можат и до пресврт, Ерменците стапија на сцена и преку Секулиќ во 66. минута дојдоа до ново водство. Тој со глава го совлада Јовановски. Потоа се случи и едно невнимание на одбраната кога Бианор со глава го совлада својот голман Јовановски за 3:1. На крајот Ерменците ја погодија и пречката, и така Македонија ЃП се спасуваше од поубедлив пораз.