Њукасл се очекува да го назначи Стив Брус како наследник на Рафаел Бенитез на кормилото на тимот, но навивачите се далеку од среќни и се уште постои неизвесност околу преговорите за преземање. Клубот е во преговори со преставникот на Брус и засега нема никакви пречки за плаќање на отштетата кон Шефилд В. Тоа значи дека во скоро време Мајк Ешли ќе го престави Брус како наследник на Бенитез на кормилото на тимот.

Мајк Ешли првично сакаше поголемо име за наследник на Шпанецот, но Стивен Џерард, Патрик Виеира, Роберто Мартинез, Микел Артета и Сем Алардајс се откажаа.

Сепак, Брус не е омиленото име на навивачите, кои според „Скај Спортс“ не сакаат да го прифатат како логичен наследник на Рафа. Тие бараа поголема ѕвезда, но сигурно нема да ја добијат.