Клубот Гокулам Керала од Индија може да се пофали со фантастичен трансфер, затоа што го донесе Мохамед Салах. Сепак, ова не е трансферна „бомба“ туку обичен трансфер. Но не се работи за Мохамед Салах од Ливерпул, туку за Индиец со име Мохамед Салах кој игра како лев бек и како слободен играч доаѓа во тимот на Керала.

Има 25-години и потпиша за својот некогашен клуб за кого играл во сезоната 2017/18. Минатата сезона ја поминал во клубот Сат Тирур.