Седумкратниот европски првак Милан е заинтересиран да го ангажира македонскиот репрезентативец Александар Трајковски од Палермо, тоа го вели престижниот италијански новинар Алфредо Падула кој е добро упатен  на случувањата на трансфер пазарот на Апенините.

Милан има две слободни места за фудбалери надвор од европската унија, а ако го донесе Трајковски сега, може да добие повластена позиција за екстра-место при наредните трансферни периоди. Сепак, Падула додава дека „росонерите“ не се во пол-позиција затоа што во предност е Спортинг кој веќе понудил четиригодишен договор.

Доколку тоа се случи Трајковски ќе се заигра во ист клуб со сонародникот Стефан Ристовски. Инаку „лавовите“ од Лисабон во фудбалерот на Палермо гледаат замена за Бруно Фернандеш кој најверојатно ќе замине во Премиер лигата.