По толку исчекување, конечно, Барселона ќе ја активира клаузулата од договорот на францускиот напаѓач, Антоан Гризман. Според пишувањата на шпанскиот печат, тоа и официјално ќе се случи утре изутрина. Според најавата, преставник на Барселона утре треба да се појави во седиштето на Ла Лига и да ја активира клаузулата од договорот на Гризман за раскинување на неговиот актуелен договор со „јорганџиите“ која вреди 120 милиони евра.

Според „Ел Мундо Депортиво“, утре изутрина во седиштето на Ла Лига, сепак, нема да биде претставник на каталонскиот клуб, туку адвокат на францускиот фудбалер кој ќе ја претстави целата документација. Весникот „Л“Екип“ објави дека Барса веќе направила исплата ова попладне, но подоцна веста беше демантирана.

Веднаш штом двата клуба соопштат дека уплатата е направена, Гризман ќе почне со формалностите околу потпишувањето на договорот со каталонскиот гигант.