Трансферот на Елиф Елмас во Наполи е веќе готова работа, се привршуваат деталите пред да се објави официјално дека „дијамантот“, на инсиситирање на Карло Анчелоти, во следните пет години ќе игра во тимот од Неапол. Леонардо Корис, еден од најпознатите менаџери во Италија, инаку агент на Горан Пандев, во врска со овој трансфер истакна…

„Како прво комплименти од мене за Наполи што ете успеа да го ангажира Елиф Елмас. Станува збор за фудбалер кој нема 20 години, еден од најинтересните таленти во Европа, за кого многу клубови се заинтересираа. Сакам да напоменам дека уште двајца македонски играчи би можеле следната сезона да играат во Серија А. Познато е дека Бреша е заинтересирана за Бобан Николов, додека за Енис Барди има постојан интерес. Сепак тој е врзан со цврст договор со Леванте, но јас и двајцата ги препирачувам кај клубовите во Серија А“ истакна Корси.

Инаку кога сме кај Серија А да спомемене дека таму игра Горан Пандев во Џенова, трансферот на Илија Несторовски во  Удинезе е готова работа, утринава се најавува интерес за Александар Трајковски од Милан. Нема што, нашите репрезентативци се на цена кај италијанските клубови.