Попладнево и вечерва, голем број наши фудбалери кои настапуваат за клубови во Европа ќе се најдат своите тимови во првите мечеви во 1.коло во квалификациите во ЛЕ.

Да почнеме со ред. Гоце Седлоски, тренерот на Широки Бријег (БиХ) дома игра со Каират Алмати од Казахстан. Бобан Николов со својот МОЛ Види (УНГ) ќе гостува во Подгорица (Ц.Гор) кај Зета. Боби Целески и Благоја Тодоровски со Кукс (Алб) ќе играат кај Вентспилс (Лет), додека Даниел Мојсов и Иван Тричковски ќе го пречекаат романскиот Петрокуб.

Александар Тодоровски и неговиот Раднички Ниш (Срб) ќе ги одмерат силите со Флора во Естонија. Даниел Божиновски, новиот голман на Сабаил (Азе) ќе има тешка задача против Универзитатеа (Романија), како и Тихо Костадинов со Ружемберок (Свк) против Левски. Кукс (Алб) на Томе Китановски, Едис Малиќи и Валон Етеми ќе игра кај Дебрецин (Унг), и на крај Дамјан Шишковски со Рованиеми (Фин) ќе гостува кај големиот Абердин.