Екипата на Академија Пандев има висока негатива од 2:0 по првите 45. минута во дуелот со Зрински од Босна и Херцеговина. Дебитантот во евро-куповите одигра лошо прво полувреме на арената „Тоше Проески“ во Скопје, премногу грешки, киксови кои не недозволиви и затоа е негативата од два гола.

Веќе во втората минута Мандиќ истрча сам пред голманот на струмичката екипа, но тој го одбрани неговиот удар и само две минути подоцна домашните се обидоа да возвратат, но Миловановиќ доцнеше да ја испрати топката во голот.

Во 12.минута Кадушиќ нафрли од десната страна, Костов лошо го процени летот на топката, а од позадина Ирфан Хаџиќ со глава го погоди голот на освојувачот на Купот на Македонија.

Во 28. минута Станиша Мандиќ беше проигран во нападот, а тој излезе сам пред Чубраковиќ и ја погоди мрежата.

Да додадеме дека Пандевци не упатија директен удар во рамките на противничкиот гол во првиот дел. Зрински некако премногу лесно и едноставно дојде до предност од 2:0 и го оставија домашниот тим да бара магично стапче за вториот дел од натпреварот.